Балкан
19. October 2015 - 20:08

Санадер останува во притвор, одбиена уште една кауција од неговата одбрана

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер останува во притвор во затворот Реметинец, откако Вонрасправниот совет на Жупанискиот суд денеска отфрли уште една понуда на одбраната, која минатата недела понуди седум недвижнини како кауција за неговата одбрана од слобода.

Како што наведува агенцијата Хина, засега не се знае поради што е одбиени ова барање на одбраната на Санадер, а причините што вонрасправниот совет ги навело во својата одлука ќе ги објави портпаролот на судот.

Одбраната на Санадер во четвртокот понуди седум нови недвижнини, чии сопственици, меѓу останатите, се и поранешниот претседател на хрватскиот Сабор, Лука Бебиќ, како и некогашните пратеници на ХДЗ, Јерко Рошин и Марио Зубовиќ.

Последната понуда следеше откако вонрасправниот совет на Жупанискиот суд на 6 октомври одби како емство, вредно 12,4 милиони куни, да ги признае хипотеката врз дел од семејната куќа на Санадер, како и вилата на еден од неговите адвокати, Горан Суиќ.

Судот ја одби понудената кауција бидејќи утврди дека една недвижнина не е етажирана, додека другата нема градежна, ниту употребна дозвола.

Во вториот обид, свои недвижнини, покрај Бебиќ, Рошин и Зубовиќ, понудиле и сопругата на Санадер, која гарантира со две недвижнини, како и Јосип Радош и Јерко Душко Суиќх. Одбраната смета дека станува збор за вредности што го покриваат емството, претходно одредено на висина од 12,4 милиони куни.