Самсоненко се повлекува од Вардар - картите за Вардар - Фенербахче по 300 денари
Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко се повлекува од клубот по завршувањето на оваа сезона. Тој преку писмено соопштение изрази разочараност од нападите врз него по одлуката да се отстапи јужната трибина на турските навивачи за мечот со Фенербахче и цената на билетите.
Соопштението го објавуваме во целост.
Почитувани граѓани на Македонија, пријатели!
Вчеравечер се вратив во Скопје и бев длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите... Првото прашање што си го поставив себеси беше со што јас и моите колеги од Вардар заслуживме вакви навреди?
Македонија е дом за мене и за моето семејство веќе 11 години, во овој период од срце инвестирав огромни средства во развој на спортовите во земјава. Драги пријатели, цената на ниту еден билет не може ниту, пак, сакам да го врати тоа што го вложив без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго... токму поради тоа јас, од мое име и од името на управата на ФК Вардар, донесов одлука.
Долго време се воздржував да реагирам на навредите што ги пласираа против мене одредени медиуми и поединци... и сакам да кажам, доста е! Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какво што доживеав во изминативе денови.
Ви благодарам многу, се чини дека ова е надомест за сè што направив. Доста е, одлуката, колку и да ми беше тешко, ја донесов. Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови. `
Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина. На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани.
Напред Вардар!
Сергеј Самсоненко
Самсоненко е „виновен“ за најголемите успеси на ракометниот клуб Вардар, а фудбалскиот клуб го стабилизираше и од него направи шампион на Македонија неколку години по ред.
Ново на Сител
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
