-->
-->
Самсоненко: Имаме лоши информации, а можно е и да се повлечам од ракометот
-->

Претседателот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко, на неколку дена пред пресметките со Флензбург од четвртфиналето од Лигата на шампионите ги презентираше своите мислења за дуелите што следат и на денешната прес конференција истакна:
- Ова е многу сериозен момент. Голема благодарност до претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, на генералниот секретар Филип Милошевски и на Господинот Михајло Михајловски, претседателот на СЕХА, што најдоа време да дојдат за овој наш за нас важен момент пред четвртфиналето. Ние четврта година по ред играме во ¼ финале. Нашата екипа имаше и добри и лоши моменти изминативе четири години. Имаме лоши информации, не сакам да зборувам за тоа, без разлика што и да се случи, ние ќе дадеме се од себе за да го поминеме Фленсбург. Единствено што сакам да поставам прашање пред јавноста е дали го заслуживме ова? Мислам дека ние го заслужуваме ова за се што правиме, не само за развојот на нашата екипа, туку и на целата инфраструктура, младите категории, тоа е иднината на македонскиот ракомет – истакна Самсоненко.
Од ЕХФ на првиот натпревар се делегирани судиите од Словенија Крстиќ и Љубиќ, а реваншот во Скопје ќе го судат Данците Гјединг и Хансен, на чија арбитража „вардарци“ реагираа по ланскиот дуел во Скопје против Барселона. Токму ова делегирање го разлути рускиот газда на Вардар, кој најави и повлекување од ракометот доколку почувствува судиска неправда.
- Не ми е јасно зошто ни ги ставија„нашите пријатели“ од Данска кои ни судеа против Барселона. Но, така одлучила ЕХФ и ние тоа треба да го почитуваме. Мислам дека нема да се повтори тоа што се случи пред три години. Ако се повтори истата ситуација со нашиот клуб јас ќе се повлечам од ракометот. Немам сила повеќе да се борам. Но, ќе останам во Вардар и ќе ги поддржувам младинските школи, но да инвестираме по седум милиони евра годишно во ракометните клубови и да имаме вакви работи што можат да се случат, тоа не можам повеќе. Сакам да ја повикам целата нација, сите Македонци да имаме поддршка од целата нација и во Фленсбург и овде. Барам поддршка и од раководството на РФМ и од СЕХА посебно од господинот Михајловски кој и повеќе од мене има вложено и има заслуги за овој Вардар, истакна Самсоненко.
Претседателот на Вардар е разочаран и од критиките што стигнаа до неговиот клуб по поразот од Металург во домашниот плеј оф.
На изјавата на Самсоненко одговори Михајло Михаловски, кој претходно 31 година беше прв човек на РК Вардар.
- Имам еден совет, заборавете на судии, и мене ми се врти во глава…Но, заборавете на судии, концентрирајте се на игра и верувам дека твоето мислење ќе го смениш откако ќе се радуваме на пласманот на Вардар на фајналфор, му рече Михајло Михајловски на Сергеј Самсоненко.
Михајловски истотака потенцираше дека Вардар во Брест на завршниот турнир одиграл најдобро што можел последните неколку години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
