Самовработување на лица со инвалидност

Вработување на 360 лица од кои 120 со инвалидност што ќе креираат сопствен бизнис и дополнителни 240 невработени кои ќе се вработат во новоформираните претпријатија ќе овозможи програмата Самовработување на лица со инвалидност. За нејзино реализирање Владата предвиде 59,28 милиони денари, а право на учество имаат сите невработени со инвалидност.
Целта е да се зголемат вработеноста и можностите на пазарот на трудот за невработените од оваа категорија граѓани.
Наредните 30 работни дена сите заинтересирани ќе можат да поднесат апликација во Агенцијата за вработување. Оние лица кои не се во евиденција, истиот ден кога ќе се пријават за активни баратели на работа, ќе можат да поднест апликација за оваа мерка.
Сите учесници во оваа програма ќе стекнат право да добијат обука за претприемништво и развој на бизнис идеја и дел од нив ќе бидат избрани за поддршка за изработка на бизнис план. Невработените кои доставиле најдобри бизнис планови ќе добијат помош при регистрација на сопствен бизнис и грант од 310 илјади денари. Планирана е и индивидуална поддршка преку обезбедување континуирани консултантски и менторски услуги.
Кандидатите кои ќе презентираат одржлив бизнис план, кои имаат потреба од дополнителни вработувања можат да аплицираат за грант кој ќе поддржи самовработување на основачот на компанијата и дополнително вработување на најмногу две лица. Во тој случај средствата на вкупниот грант ќе изнесуваат 494 илјади денари од кои 310 илјади денари за реализација на самовработување и отворање на бизнисот и 184 илјади денари за дополнителни две вработувања, или по 92 илјади денари по лице.
Ново на Сител
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
