Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита ги поздравува усвоените измени во Законот за здравствена заштита

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита ги поздравува усвоените измени во Законот за здравствена заштита и смета дека тие за крајна цел ќе имаат подобра здравствена заштита и поквалитетни здравствени услуги, посебно што се носат во услови како последица и одговор во недостиг на лекари специјалисти.
– Посебно ја поздравуваме отвореноста за соработка со Министерството за здравство, а уште повеќе со министерот за здравство Венко Филипче кој покажа слух, интерес и волја за разрешување на проблемите и подобрување на состојбите во здравството. Сметаме дека е значајно што се дава и можност за консултативни ангажмани на пензионираните лекари во улога на советување за одредени специфики и одредени можни настанати компликации, се вели во соопштението од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
Од Синдикатот ја поздравуваат и измената за дополнителна дејност, во и вон јавни здравствени установи. Што се однесува до ангажирањето на лекарите специјалисти со дополнителна дејност надвор од матичната установа, во друга ЈЗУ и во друг град, Самостојниот синдикат за здравство останува на ставот дека тоа треба да се реализира со согласност на лекарот.
– За поздравување се измените поврзани со специјализациите, односно промената на времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршување на специјализацијата, како и промената во висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако пред време ја напушти установата. Станува збор за позитивни промени и среќни сме за видното задоволство искажано од ЗЛС како засегната страна, стои во соопштението.
Според Синдикатот, позитивна е и измената за склучување договор меѓу здравствените установи за уредување на меѓусебните права и обврски за начинот на вршење на специјалистичко-консултативните услуги при упатување на здравствен работник, односно соработник. Правата и обврските кои што произлегуваат од упатувањето треба да се концизни, а со договорот кој се предвидува со измените во ЗЗЗ истото ќе биде возможно.
– Како Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, сметаме дека законските измени ќе бидат во насока на подобра здравствена заштита и поквалитетни здравствени услуги, вклучувајќи и подобри работни услови, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
-

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура
-

Ракометарите на Вардар го пречекуваат Тиквеш
-

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
-

Оперскиот пејач Ристе Велков меѓу загинатите во тешката сообраќајна незгода
-

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд
-

Кафе-дебата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје - Петровец
