Македонија
10. January 2017 - 13:17

Само во Кочани: Направил сообраќајка па се заканувал со ловечка пушка

СВР Штип- ПС Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј. (59) од Кочани поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница,,.
 
Пријавениот на 17.12.2016 година во 19,10 часот во Кочани на ул,, Страшо Ербапче“ откако предизвикал сообраќајна незгода удирајќи со своето возило во возило на оштетениот К.Д. (26) од Кочани, 
започнал расправија со него, при што ја извадил ловечката пушка која ја поседувал со дозвола од багажникот на возилото, но набргу истата ја вратил назад во возилото.