Само во една земја во светот нема Албанци

Бидејќи сè уште не постојат официјални податоци за вкупниот број на Aлбанци, Бесфорт Аџанела покренала еден интересен проект преку кој ќе се обиде да ги идентификува сите Албанци на светот. Имено, се работи за веб-страната njekomb.com, на која само за три месеци се регистрирани повеќе од 430 илјади Албанци.
„Идејата е преку оваа веб страна да идентификуваме и приближно да дојдеме до податоците колку Албанци има на светот, заради тоа што до ден денес немаме таков податок. Освен во Косово, Албанија и Македонија каде имаме точни податоци за вкупниот број на Албанци, постојат држави каде нема никакви податоци, на пример Турција каде нè има околу 100 илјади идентификувани Албанци, потоа доаѓа Швајцарија, Германија, Америка, Италија и Грција“ – наведува Аџанела. Единствена држава во која нема Албанци е Мијанмар во Азија, вели Аџанела.
Доколку сте Албанец и сакате да се регистрирате тоа може да го направите на njekomb.com.
Извор: Emigriko.mk
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
