Фудбал
30. January 2016 - 17:37

Само реми на Палермо против Капри

 
Во првиот натпревар од 22.коло на Серија А, Палермо одигра само 1-1 против екипата на Капри на гостински терен. 
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во игра во 57. минута при водство на неговиот тим од 1-0 откако Алберто Џилардињо во 27.минута го матира домашниот голман. Сепак, Капри успеа да извлече бод и тоа со голот од пенал на Матео Манкосу.
 
Денеска се играат уште два, а останатите натпревари на програмата се утре.
 
Серија А – 22 коло
Сабота 
Карпи – Палермо 1:1 
18:00 Аталанта – Сасуоло 
20:45 Рома – Фрозиноне 
Недела 
12:30 Киево – Јувентус 
15:00 Удинезе – Лацио 
15:00 Торино – Верона 
15:00 Наполи – Емполи 
15:00 Џенова – Фиорентина 
15:00 Болоња – Сампдорија 
20:45 Милан – Интер