Македонија
30. јуни 2021 - 18:54

Само јасни законски измени може да овозможат декриминализација на канабисот

Од судски аспект нема пречки за спроведување на декриминализација на канабисот, но само со јасни и прецизни законски измени.

Судии од скопскиот кривичен суд сметаат дека пред да се донесе законско решение потребни се детални и стручни медицински анализи како канабисот влијае врз здравјето, дали лицата кои го консумираат канабисот можат да ги извршуваат работните задачи, дали треба да управуваат возило..

На денешната дебата говорниците беа согласни дека треба да се земат искуствата од други држави.

 

Александар Динев