-->
-->
Само ја удрив и бутнав: Осомничениот за убиството и силувањето на бугарската новинарка ги негира обвинувањата
-->
Германското обвинителство соопшти дека обвинетиот за убиството на бугарската ТВ новинарка Викторија Маринова, признал дека ја нападнал, но ги отфрлил обвинувањата дека ја силувал и ограбил.Како што пренесува АП, обвинителството во германскиот град Целе соопштило дека обвинетиот, кој во Бугарија е идентификуван како Северин Крашимиров(21), кажал дека немал намера да ја убие Маринова.
Тој на обвинителите им кажал дека бил под влијание на алкохол и дрога кога во паркот влегол во расправија со жена која не ја познавал, дека ја удирал во лицето и ја бутнал во грмушка, но истакнал дека немал намера да ја убие.
Германските обвинители навеле дека Крашимиров, кој во вторникот е уапсен во Германија на основ на европски налог за апсење, ќе биде вратен во Бугарија во рок од 10 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
