Само епидемија на голема кашлица може да го „заузда“ ширењето на заразата
Четиримесечно, едногодишно и тригодишно дете се новорегистрираните случаи со голема кашлица во Скопје. Живеат во различни општини и според Скопскиот центар за јавно здравје, не се поврзани. Бројката на заболени со опасната заразна болест од ден во ден се зголемува а на болничко лекување има четири деца меѓу кое едно е целосно вакцинирано со Ди те пер.
- Првото е едноипол месечно бебе и е во стабилна состојба а второто е четири ипол годишно девојче кое исто така е стабилно, има ретка кашлица, вели д-р Весна Мицевска од Клиника за детски болести.
Само епидемија во главниот град и забрана во градинка на невакцинирани како што вчера препорача и Комисијата за заразни болести, е засега најлогичното решение за состојбата да биде ставена под контрола и да не ни се случи Хрватска и Белград каде бројките на заразени се бројат во илјадници случаи а има и починати.
- Ова е логична препорака, ова е неопходна препорака и не можеме на поедноставен начин, на поинаков начин да го решиме ова с емедицински најегзактните препораки кои можат во овој момент да бидат аплицирани колку што е можно поскоро, вели –д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.
Не само со Ди те пер, туку во градинка не треба да се примаат невакцинирани деца и тоа веќе било воспоставено законско решение, категоричен е техничкиот министер за труд и социјала.
- Постои во закон ако нема вакцини не може да биде дел од системот на детска заштита. Ќе ги засилиме инспекциите, за да спречиме ширење на заразата во Скопје, вели Ѓоко Велковски, технички министер за труд и социјала.
Лекарите и епидемиолозите стравуваат дека ако продолжи овој тренд на ширење на заразата ќе ја имаме најлошата година со пертусис. Болеста е опасна и сериозна и може да трае со месеци.
Опфатот со Ди те пер е сериозно опаднат кај првата ревакцинација на 20 месечна возраст и е загрижувачки 66 проценти.
Дали ќе има ефект од препораките на Комисијата ќе зависи од брзината на дејствување на Владата која треба да донесе одлука. Политичките турбуленции или здравјето ќе имаат предност?
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар