Кошарка
29. October 2016 - 10:52

Само ЦСКА и Фенербахче со максимални четири победи во Евролигата

 
 
 
 
Истанбул, 29 октомври 2016 (МИА) –  Со четирите натпревари диграни синоќа бешпе комплетирано четвртото коло во кошаркарската Евролигат, по само два тима останаа со максимални четири победи. 
 
Покрај актуелниот европски шампион ЦСКА Москва, четвртиот триумф во низа од стартот на сезоната го забележа и вицепрвакот Фенербахче кој во истанбулското дерби на гостински терен ја совлада екипата на Галатасарај.
 
Комплетни резултати од 4.коло во Евролигата: 
Басконија – Олимпијакос 90-95,  
Милано – Реал Мадрид 90-101, 
Дарушафака – Ефес Анадолу 79-84 и  
ЦСКА Москва – Уникс Казан 98-80, 
Галатасарај – Фенербахче 87-103
Жалгирис - Макаби ТА 74-87
Панатинаикос - Црвена звезда 70-59
Барселона – Бамберг  78-74
 
На табела водечки се ЦСКА Москва и Фенербахче маскимални 4 победи, додека по 3 победи и 1 пораз имаат, Реал Мадрид, Олимпијакос и Панатинаикос.