Само 20 фирми добиле третина од тендерите на општините
Кај 20 компании лани завршиле дури третина од парите од општинските тендери. За јавни набавки општините лани потрошиле 97 милиони евра, што е за 21% повеќе од претходната година.
Според анализата на Центарот за граѓански комуникации, Градот Скопје и 80-те општини во 2018 година склучиле околу 3.900 договори за јавни набавки со 1.331 компанија.
Само Град Скопје, како најголема единица на локална самоуправа, за јавни набавки троши колку 46 други општини заедно.
Тонско: Герман за концентрацијата на договорите на неколку фимри.. 11 општини потрошиле колку за другите 70... и за учеството процентуално на јавните набавки во буџетот...
Во јавните набавки вредносно преовладуваат договорите за изградба, одржување и реконструкција на патна инфраструктура. Од Центарот за граѓански комуникации очекуваат трендот на раст да продолжи и годинава.
-Дека растот лани е поради слабото трошење во 2017 кога била изборна.. очекуваат уште поголем раст годинава, изјави Герман Филков од ЦГК.
Најголем потрошувач е Град Скопје, со 14 милиони евра, но и со 42% пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година. Во општините со најголема потрошувачка за јавни набавки се вбројуваат и Куманово, каде се потрошени речиси 5 милиони евра и Струмица, со околу 4 милиони евра.
Најмногу јавни набавки по жител има Новаци, 291 евро, додека најмалку Боговиње, само 9 евра по жител.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар