Самитот во Најроби за ИЦПД25 постави јасни насоки кон трансформација на светот за жените и девојчињата
Со силни заложби на партнерите да го трансформираат светот преку ставање крај на мајчината смртност, незадоволената потреба за планирање на семејството и родово-базираното насилство и штетните пракси против жените и девојчињата до 2030 година заврши Самитот во Најроби за ИЦПД25, што се одржуваше од 12 до 14 ноември 2019 година.
Националната делегација на Република Северна Македонија, што ја покани и ја поддржа УНФПА, учествуваше на Самитот каде ги презентираше и силно ја зајакна посветеноста на државата кон Целите на ИЦПД и Агендата 2030.
Делегацијата ја сочинуваа 12 члена – сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, генералниот секретар на Собранието на РСМ, две пратенички во Собранието на РСМ, шефот на Кабинет во Министерството за здравство, претставник на Комитетот за мајчино здравје при Министерството за здравство, претставник на Здружението на гинеколози, претставник на младинската Y-PEER мрежа, претставник на Асоцијацијата ХЕРА, претставник на медиумите, член на Меѓународниот комитет на Самитот, како и шефот на Канцеларијата на УНФПА во Скопје.
-Самитот во Најроби презентираше возобновена, засилена визија и заедничка соработка со заедниците да делуваат и да испорачаат. Заедно, ќе ги направиме наредните 10 години период на акција и резултати за жените и девојчињата, задржувајќи ги нивните права и избор во центарот на се што правиме, изјави извршниот директор на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, Наталија Канем.
Самитот, во организација на УНФПА, Владата на Данска и Владата на Кенија мобилизираше околу 1.200 заложби од официјални претставници на над 170 држави. Преку 9.500 делегати од целиот свет учествуваа на овој настан и се заложија за завршување на агендата на Акциската програма на ICPD.
Членовите на националната делегација имаа свои презентации, излагања и активно учество со што видно ја истакнаа заложбата на Република Северна Македонија во спроведување на целите и напредокот кон Агендата 2030 на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце