Самит на НАТО во Варшава
Во полскиот главен град Варшава денеска почнува дводневниот Самит на НАТО, на кој лидерите на земјите членки ќе разговараат за серија глобални безбедносни прашања, од состојбата во Авганистан и борбата против групата Исламска држава (ИД), па до кризата во Украина и односите со Русија.
Меѓу учесниците на средбата на врвот на НАТО ќе бидат и претседателите на САД и Франција, Барак Обама и Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер во заминување Дејвид Камерон.
Според најавите, на дневниот ред на Самитот, ќе се најдат три клучни безбедносни теми - континуираната поддршка на авганистанските вооружени сили, борбата против ИД на јужното крило на НАТО и превенцијата од „руска агресија“ на источните граници на Алијансата.
НАТО како организаицја не е вклучена во борбата против ИД во Сирија и Ирак, но голем број нејзини членки учествуваат во антиџихадистичката коалиција, предводена од САД.
Како што јави Гласот на Америка, голем дел од Самитот се очекува да биде посветен на односите со Русија, која некои земји членки ја сметаат како „дополнителна потенцијална закана за НАТО“.
Според поранешниот командант на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Филио Брислав. лидерите на Алијансата на Варшавскиот самит ќе треба да ги убедат своите источни сојзуници дека стојат зад нив и да ги намалат нивните стравувања од рускиот експанзионизам.
За таа цел се очекува САД, Велика Британија и Канада да ги потврдат своите намери за распоредување на по еден баталјон на ротациски принцип на источните граници на НАТО.
Извори во Вашингтон наведуваат дека Обама, кому ова му е последен Самит на НАТО на кој ќе присуствува во својство на американски претседател, лично ќе соопшти дека САД ќе стационираат свој баталјон во Полска, додека британските и канадските единици ќе бидат распоредени во Естонија, Летонија и Литванија.
Ново на Сител
-
Во Дебар се намалува бројот на активни случаи со Ковид-19, во Инфективното одделение хоспиталзирани 13 пациенти
-
Владата донесе повеќе одлуки за именувања на директори на јавни институции и членови на управни одбори
-
Усвоен Националниот план за Ковид-19 вакцинација
-
Заврши расправата за Предлог законот за рамномерен регионален развој, ќе се гласа дополнително
-
Португалија ги претстави целите на претседателството со ЕУ, меѓу приоритетите и одобрување на преговарачката рамка за Македонија
-
Србите кои се вакцинирани, од 1 мај ќе можат непречено да влезат во Грција
-
444 нови случаи на коронавирус во земјава, починати 21 лице
-
Можно е Германија да го стопира меѓународниот воздушен сообраќај поради Ковид-19