-->
-->
Самарџиски продолжува во турската лига
-->

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски од Мега Лекс се сели во турскиот клуб Бујукчекмеџе.Трансферот на центарот го потврди неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ преку својот Твитер профил.
Во досегашниот дел од сезоната на АБА лигата, Самарџиски имаше голем придонес во играта на Мега. Тој со просечни 10,6 поени и 6,7 скокови по натпревар беше еден од најдобрите кошаркари на тимот од Сремска Митровица.
Самарџиски и во минатото настапувал во Турција како играч на Олин Едирне, Мерсин ББ и Анкара, а беше дел и од екипита на Партизан, ФМП, Литвос Ритас, Црвена звезда.
Со МЗТ Скопје Аеродром претходната сезона го освои шампионскиот трофеј во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
