Самарас: Договорот од Преспа не го реши проблемот, Грција даде име, идентитет и јазик
Ниту проблемот се реши, ниту Грција виде нешто добро. Само неподнослива национална штета, давајќи име, идентитет и јазик, вели поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од Нова демократија Андонис Самарас во интервјуто за „Катимерини“ во однос на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, објаснувајќи ги неговите ставови, најавува дека кога трите меморандуми со Северна Македонија ќе дојдат за ратификација во Парламентот, тој нема да гласа за нив.
– Прво, не „решивме“ никаков проблем, едноставно проблемот што го имавме се трансформираше во друг –поопасен! Што ги инволвира и Бугарија и Албанија и Косово. И други, со многу видови на „желби“. Второ навлегувањето на Турција во регионот, не беше прекинато по Договорот од Преспа. Напротив, се зајакна. И на крај, земјите кои нѐ притискаа да отстапиме пред Скопје, кога дојде време да се справиме со провокациите на Турција, не ја поддржаа Грција!, вели Самарас во интервјуто, пренесе МИА.
Додава дека напротив, „некои продолжија да ја опремуваат Турција“, а земјите што сега отворено ја поддржуваат Грција, „како што е Франција на пример, не ја поддржаа силно интеграцијата на Скопје во Европа“.
-Според тоа, ниту проблемот се реши, ниту Грција виде нешто добро. Само неподнослива национална штета, давајќи име, идентитет јазик! Што очекувате да направам?, коментира поранешниот грчки премиер во однос на тоа каков ќе биде неговиот став кога меморандумите ќе бидат ставени на гласање во Парламентот.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари