Сали: За жал, се уште имаме рестриктивни мерки

Секој ден имаме новозаразени по 300 жители од државава, а тоа значи дека вирусот се уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто. Уште од самиот почеток кога ја добив функцијата посакувам да дојде денот кога нема да има рестриктивни мерки. За жал, се уште имаме рестриктивни мерки, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали во врска со тоа дали е поволна епидемиолошката состојба во земјава.
Тој посочи дека на секоја седница на Комисијата за заразни болести олеснуваат по некоја мерка, но, како што рече, не можат се одеднаш да олеснат. На новинарско прашање што би било следно олеснување, истакна дека за тоа ќе одлучи Комисијата за заразни болести.
– Таму има дебата. Јас дадов предлог до нив, еве и јавно ќе кажам, на една од седниците да ве поканиме и вас да видите како се дебатира внатре во Комисијата. Верувајте толку е кристално јасна ситуацијата, јасна е сликата за епидемиолошката состојба што и вие ќе добиете информации точни и навремени што, кога и како треба да се одлучува, рече Сали.
Одговарајќи на новинарско прашање, Сали потенцира дека во рамки на караванот за вакцинација против Ковид-19 има одѕив и во секој пункт има нови кандидати за вакцинација и за прва, втора и трета доза.
– Неможам да кажам дека сме сосема задоволни од одѕивот, затоа што нашите очекувања се да се зголеми процентот на нововакцинирани, а со тоа да се почувствуваме и побезбедни за справување со Ковид-19. Се уште не е завршен караванот за да кажеме колку проценти е зголемен одѕивот, меѓутоа минимално е зголемен, додаде Сали, одговарајќи на новинарски прашања откако претходно даруваше крв во рамки на крводарителската акција во просториите на Чифте Амам во Старата скопска чаршија, што ја организира Министерството за здравство во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, а во пресрет на 7 Април – Светскиот ден на здравјето.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
-

Приведен лажен лекар од Дојран, измамил повозрасна кавадарчанка за 300.000 денари
-

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
