Сали Бериша предвидува нова балканска војна по спогодбата со Грција
Поранешниот албански премиер, Сали Бериша предвидува драматични настани во регионот ако актуелниот aлбански премиер Еди Рама ја потпише спогодбата со Грција за новите граници.
Во интервју за тиранската телевизија „Клан", тој кажал дека ако Рама ја потпише спогодбата тоа може да доведе до балканска војна.
„Ова што го подготвува премиерот Рама е нова поделба на албанските простори по што може да се предизвика конфликт"- вели Бериша.
Тој додал дека договорот е на штета на Албанија и значи губење на нови простори по 1913 година.
„Имаме информации дека спогодбата е катастрофална за Албанија. Текстот е подготвен од страна на Грција која укажала дека нема да преговара"- рекол Бериша.
Албанската опозиција најавува спротиставување на спогодбата затоа што тврдат дека е на штета на земјата.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар