Салах разочаран од Ливерпул
Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул во последните неколку сезони, Мохамаед Салах, ирази незадоволство од односот на клубот кон него.
-Речиси е декември и не добив никакви понуди за продолжување на соработката. Разочаран сум, повеќе би сакал да бидам надвор од клубот отколку во него. Знаете, јас сум во клубот многу години, нема друг клуб како него. Но, на крајот, тоа е надвор од моите раце. Како што кажав, декември е и сè уште не сум добил ништо во врска со мојата иднина, изјави Салах.
Според англиските медиуми, Ливерпул допрва треба да му понуди нов договор на Салах.
Актуелниот договор на 32-годишниот крилен напаѓач е до крајот на оваа сезона кој викендов беше стрелец на два гола во победата (3:2) над Саутемптон.
Во само 12 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, египетскиот интернационалец постигна 10 гола и шест асистенции.
Ново на Сител
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот