Сакала да ја продаде нејзината стара Хонда за 499 долари: По само 1 минута и понудиле 100.000
Една Американка од Калифорнија одлучила да ја продаде својата половна Хонда Акорд од 1996. година на иБеј за само 499 долари. За да успее во тоа нејзиниот вереник Макс Ланмен, инаку режисер направил реклама за продажба на автомобилот.
Ланмен очигледно добро ги искористил своите таленти и направил реклама која за кратко време станала популарна, па со самото тоа цената вртоглаво расте.
Последната понуда на иБеј изнесува неверојатно 100.000 долари, а продажбата ќе трае уште три дена.
- Инспирацијата за реклама ја добив додека јас и мојата девојка Кери се возевме покрај брегот додека одевме на кампување - рекол тој за ББС.
Сметал дека ќе е навистина смешно за толку стар автомобил да се сними реклама во толку добро окружување покрај море.
- Надреално е што рекламата станала токлу популарна ширум светот, благодарение на интернетот - рекол тој.
Погледнете ја рекламата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата