Живот
22. October 2017 - 18:53

Сакал да се прости од починатата сопруга и доживеал нов шок: Мажот затекнал ужасна глетка во мртовечницата

Боливискиот болничар Грувер Макучапи (27) е уапсен зошто е фатен како сексуално го злоставува трупот на почината пациентка во мртовечница во Ла Плаза.

Мажот на починатата 28-годишна жена влегол во мртовечницата за да се прости од сопругата која починала неколку часа пред тоа.

Затекнал страотна сцена, болничар со спуштени панталони како сексуално општи со неговата мртва сопруга. Човекот онака во шок го претепал перверзникот пред да дојде полицијата.

Обвинителството наведува дека болничарот не може да биде обвинет за некрофилија зошто таков прекршок  не постои во законодавството.

-Кога го видов што прави, веднаш скокнав да го удирам. Почна да бега, а панталоните му останаа спуштени, рече мажот на напаствуваната почината жена.

Перверзниот болничар изјави дека „не се сеќава на ништо, дека нешто му се случило во главата и дека бил во некој транс. Следно на што се сеќавам е како човек ме удира во мртовченицата“.