Македонија
24. јуни 2018 - 12:55

Сакал да пријави сообраќајка, па добил ќотек и на крај останал без возило - македонската полиција трага по сторителите

Според информациите на МВР, вчера околу 18,00 часот на локалниот пат с.Брест-регионален пат Штип-Радовиш, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило  “Голф 3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од с. Брест и патничко моторно возило “Фиат Пунто“ без регистарски ознаки, управувано од непознато лице. Според пријавеното, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција,  физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото “Фиат Пунто“, кои потоа му го одзеле возилото и избегале оставајќи го нивното возило на лице место. Одземеното возило “Голф 3“ било пронајдено во близина на с.Брест. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на  лицата и расчистување на случајот.