Македонија
12. January 2016 - 14:41

Сакал да ограби бутик во ТЦ Мавровка, наишол на празна каса

Лицето С.Д. вчера во 15:33 часот пријавила дека во бутик во Т.Ц. „Мавровка“ од непознато лице бил извршен обид за разбојништво. Сторителот влегол во бутикот, со пиштол и се заканил  да му ги даде парите, но откако видел дека во касата нема пари, излегол и побегнал во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Во полицијата е регистриран уште еден неуспешен грабеж на бутик. Имено скопјанката Р.С. (67) вчера во полиција пријавила дека околу 18:45 часот на бул „Крсте Мисирков“, поточно во продавница за текстил, непознато лице извршило разбојништво во обид. 

Сторителот влегол во продавницата и со закана со пиштол побарал од Р.С. да му каже каде се парите. Таа  излегла надвор и повикала помош, по што сторителот побегнал без да одземе ништо. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.