Македонија
19. February 2023 - 16:51

Саити: Влијанието врз судиите не се врши само со телефонски јавувања

Влијанието врз судиите не се врши само со телефонски јавувања. Пораките кои се испраќаат преку медиумите исто така имаат големо влијание, вели за Детектор Џемали Саити, судија во Врховниот суд и Претседател на Здружението на судии.

„Токму тоа го генерира најголеми от степен на доверба односно недоверба во судството. Покрај тоа што е индиректен притисок претставува и креирање на едно јавно мислење бидејќи политичарите се многу поубедителни, тие се многу позастапени во медиумите и доминираат во нивните настапи. Не ги обвинувам нив но сметам дека тоа е еден од сегментите зошто ние треба да се избориме за нашиот простор“ вели Саити за Детектор.