Сахин: Вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото
Основачот на германската компанија „Бионтек“, Угур Сахин, кој ја разви вакцината против Ковид-19 со американската компанија „Фајзер“, вели дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото.
Тој смета дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70 проценти од Германците до крајот на септември и дека вирусот тогаш веќе нема да претставува таков проблем.
– Во многу европски земји и САД, повеќе нема да ни требаат општи затворања до крајот на летото, изјави Сахин за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.
Тој вели дека ќе има епидемии на вируси, но дека ќе бидат „позадинска бучава“.
– Ќе има мутации, но нема да не плашат, додава Сахин.
Досега речиси девет проценти од населението во Германија примило барем една доза вакцина.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци