Саем за вработување за Бехтел и Енка најави Груби
„Саем за вработување“ организира конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорите 8 и 10д, информира заменикот на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
- Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земјата. Со задоволство ве информирам дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира „Саемот за вработување“. Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на Коридорите во следните пет години, пишува на Фејсбук профилот на Груби кој е координатор за изградба на коридорите.
„Саемот за вработување“ ќе се одржи утре со почеток во 16 часот, во Агенција за вработување во Гостивар, а потоа ќе продолжи со презентација и во другите градови.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух