Саем за вработување во Охрид

Десетина компании од Охрид учествуваа денеска на Саемот за вработување, организиран со цел да се оствари непосреден контакт помеѓу невработените лица и компаниите кои нудат работа.
Активните баратели на работа имаа можност да се претстават пред компаниите и да пополнат формулари кои понатаму би се зеле предвид во пополнувањето на слободните работни места.
На саемот учествуваа компании од различни категории, претежно од угостителскиот и од производствениот сектор, со цел да се овозможи богата понуда за што поголем број профили и струки. Невработените лица од градот тука можеа да се информираат за слободните работни места на пазарот на трудот.
Саемот, поддржан од Агенцијата за вработување на РМ и факултетите за туризам и угостителство и за информатички технологии, беше можност за поврзување помеѓу доставените креативни идеи и предлози за развој на нови производи и услуги како понуда од една страна и компаниите кои нив би ги поддржале, во насока на развој на сопствениот бизнис.
Ново на Сител
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
