„Саем за вработување“ во Куманово
40 компании од кумановскиот регион и од Скопје денеска беа дел од седмата манифестација, „Саеми за вработување 2015 година“ која ја отвори директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Искуствата од досегашните саеми говорат дека секогаш се бараат техничките науки, занаетчиската дејност и лица кои што се добро обучени да работат со машини, велат надлежните.
- Се надевам дека овие наши придонеси како Агенција ќе придонесат за што е можно повеќе млади да се одлучат за квалитетно образование бидејќи нема да бидат невработени туку ќе бидат вработени во иднина . Во наредниот период продолжуваме со саемската манифестација во Скопје на 02 декември, кадешто ќе има над 90 компании во кои што ќе се понудат многу работни места , изјави Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на РМ
Од започнувањето на саемите за вработување, досега се вработени 205 лица, направени се околу 500 интервјуа, а 205 невработени чекаат да склучат договор во наредниот период.
Работодавачите се задоволни од ваквата иницијатива на Агенцијата за вработување.
-Доаѓаме од Ван Хол Македонија, нашата компанија има постојано потреба од нови вработувања претежно од техничката струка, инаку ја поздравувам оваа иницијатива на агенцијата за вработување на РМ во насока на одржување на локални односно регионални саеми за вработување каде што оние кои што активно бараат работа и компаниите кои што бараат вработени можат одблиску да се сретна т и да поразговараат за сегашните односно идните потреби, изјави Виктор Дојчиновски од Ван Хол
-Втор пат сме на саем, добар е саемот, доаѓаат луѓе и се нудат за работа, ние сме млинарско- пекарска индустрија , ни требаат млинари, пекари, бурекџии, кифлари, предефицитарен е овој кадар, изјави Моме Велковски, пекара „Моша-мел“
Што се однесува до проектот „Македонија вработува“ досега оваа мерка ја искористиле 8756 лица и околу 4000 компании. Од нив, 456 граѓани се вработени во Куманово, во Крива Паланка 126 во Крива Паланка и 22 лица во Кратово .
-
Драган Ивановски
Сите содржини од овој новинар
