Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!„

Францускиот институт во Скопје денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје организира Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“.
Саемот, според организаторот, е одлична можност за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практичните прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за добивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор од неа.
Освен информации за студии во Франција, на овој ден ќе биде претставен туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на регионите Корзика, Нормандија и Алзас.
На Саемот е најавено обраќање на амбасадорот на Франција во РМ Кристијан Тиомоние.
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
