Саем за деца и родители во Скопје

Саем за деца и родители ќе се одржи од денеска до недела во Скопје Сити мол. Најавени се најразлични активности за сите возрасти, а особено за најмладите.
- Предвидени се натпревари со многу подароци, тимски игри, предизвици, караоке, диско за деца и креативни работилници. Магионичар ќе ги забавува сите со своите трикови и ќе го доближи магичниот свет до децата. Тука е и Kids Disco каде што децата заедно со маскоти ќе се забавуваат на диско музика. Своето знаење ќе можат да го покажат на филмски квиз со прашања од детските филмови каде ќе се доделуваат бесплатни билети за кино, соопштуваат од трговскиот центар.
Меѓу интересните случувања е и натпреварот на семејствата, каде што ќе се натпреваруваат семејствo против семејствo во извршување задачи како што се: препознај го своето дете со врзани очи, најбрзо сложување на сложувалка... На натпревар, пак, за брзо повивање мажите ќе ги покажат своите татковски способности и ќе се натпреваруваат еден против друг, најавуваат организаторите на саемот.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
