-->
-->
Саем на книга во Крива Паланка
-->

Во пресрет на Светскиот ден на книгата 23 април, денеска градската библиотека „Кочо Рацин“, Крива Паланка органзираше еднодневен саем на книга во соработка со издавачката куќа „Мартина“.
- На штанд пред библиотеката беа претставени бројни наслови од детска литература, актуелни белетристички изданија од светската и македонска книжевност и книги со практични здравствени совети, а граѓаните, на наше задоволство, пројавија голем интерес, пред се помладите, изјави Даниела Петровска, раководител на библиотеката „Кочо Рацин“.
Во знак на одбележување на денот на книгата и авторското право младите поетеси Тамара Илиевска и Ангела Јовановска, членови на литературниот клуб Калин кој функционира при НУ Центар за култура Крива Паланка, учествуваа на поетски фестивал во Свети Николе „Пролет, љубов, смеа“.
- Вчера две наши поетеси учествуваа на пролетнито фестивал за млади поети во Свети Николе, во категорија младинци, до 18 години, а Тамара Илиевска ја освои првата награда, додаде Петровска.
Библиотеката „Кочо Рацин“ од Крива Паланка е дел од „KOBIS“ електоринскиот систем за пребарување и сите читатели можат да одберат дел од богатата понуда на стручна литература и белетристика. Иако е одлично снабдена, посочуваат одговорните, библиотеката би требало да биде повеќе посетена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
