Македонија
22. April 2016 - 15:12

Саем на книга во Крива Паланка

Во пресрет на Светскиот ден на книгата 23 април, денеска  градската библиотека „Кочо Рацин“, Крива Паланка  органзираше еднодневен саем на книга во соработка со издавачката куќа „Мартина“.
 
- На штанд пред библиотеката беа претставени бројни наслови од детска литература, актуелни белетристички изданија од светската и македонска книжевност и книги со практични здравствени совети, а граѓаните, на наше задоволство, пројавија голем интерес, пред се помладите, изјави Даниела Петровска, раководител на библиотеката „Кочо Рацин“.
 
Во знак на одбележување на денот на книгата и авторското право  младите поетеси Тамара Илиевска и Ангела Јовановска, членови на литературниот клуб Калин кој функционира при НУ Центар за култура Крива Паланка, учествуваа на поетски фестивал во Свети Николе „Пролет, љубов, смеа“.
 
- Вчера две наши  поетеси учествуваа на пролетнито фестивал за млади поети во Свети Николе, во категорија младинци, до 18 години, а Тамара Илиевска ја освои првата награда, додаде Петровска.
 
Библиотеката „Кочо Рацин“ од Крива Паланка е дел од „KOBIS“ електоринскиот систем за пребарување и сите читатели можат да одберат дел од богатата понуда на стручна литература и белетристика. Иако е одлично снабдена, посочуваат одговорните, библиотеката би требало да биде повеќе посетена.