Саем на книга во Кавадарци
Саем на книгата по деветти пат беше отворен синоќа во градската библиотека „Феткин” од Кавадарци, на кој учествуваат повеќе издавачки куќи.
- За книгата, за нејзиното влијание во културно-образовниот процес сме слушале, сме читале многу пати и секој од нас дошол до сознание дека таа е извор на информации. Претставува мост помеѓу различностите. Преку испишаните страници учиме за различни традиции, култури, новитети. Таа е основен двигател во општетството, рече Трајанка Атанасова, директор на библиотеката.
Саемот, кој ја носи пораката „Патувајте во светот на книгите”, е во организација на библиотеката, градоначалникот и Советот на општина Кавадарци.
Настанот по повод месецот на книгата е во рамки на традиционалната „Кавадаречка културна есен”. Саемската манифестација ќе трае до сабота од 9 до 20 часот.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба