Свет
6. January 2018 - 9:53

САД замрзнаа 125 милиони долари за палестинските бегалци

САД замрзнаа 125 милиони долари наменети за Агенција на ОН за помош на палестински бегалци, јавија американски медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Тие наведоа дека финансиските средства што се третина од годишните давачки на САД за таа агенција на ОН, требало да бидат испорачани на 1 јануари, но се замрзнати додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не заврши ревизија за помошта на САД за палестинските власти.

Трамп, неодамна на Твитер, напиша дека Вашингтон им дава на Палестинците стотици милиони долари годишно и дека за тоа не добива ниту благодарност ниту почитување.

– Тие дури и не сакаат да преговараат за долгорочен мировен договор со Израел, напиша Трамп, заканувајќи се со укинување на помошта.