САД во борбите во Мосул користат хеликоптери „Апачи“

САД ги активирале своите напаѓачки хеликоптери „Апачи“ во битката за освојување на ирачкиот град Мосул, што минатиот месец ја почнаа ирачките сили, пренесоа француските медиуми, цитирајќи го портпаролот на Пентагон Питер Кук.
Хеликоптерите биле искористени во градот за уништување на автомобили наполнети со експлозиви, што исламистите самоубијци ги користат за напади врз ирачките сили.
САД, меѓутоа, имаат само десетина такви хеликоптери во Ирак, наведуваат од Пентагон.
Пред Мосул овој тип хеликоптери беа користени во одделни операции против џихадистите, посебно во текот на јуни во долината на реката Тигар.
Хеликоптерите „Апачи“ летаат на ниска височина и се побавни од ловците и бомбардерите. На тој начин тие се многу поранливи и кај нив се зголемува ризикот за човечки жртви.
Употребата на „Апачи“ во битката за Мосул покажува какви ризици презел американскиот претседател Барак Обама со цел да ја уништи организацијата Исламска држава.
Портпаролот на Пентагон, исто така, кажа дека САД се подготвени да изведат нови воздушни напади врз борците на ИД во либискиот град Сирт, доколку либиската Влада, која е поддржана од ОН, тоа го побара од нив, пренесоа британските медиуми.
Од август до сега САД извеле над 350 воздушни напади врз ИД во Сирт на барање на либиската Влада. Напади, меѓутоа, веќе не се изведувани од крајот на октомври.
ИД ја презеде целосната контрола врз Сирт на почетокот на 2015 година.
Ново на Сител
-

Проценките завршија: Финки ќе ги добие двете згради кај кампусот на УКИМ, за ФФК ќе се доградува
-

Чебрен и Галиште може да се дадат на приватни инвеститори, но водите да останат наши
-

Министерство за одбрана во војна со сопствениот кадар – Ревизија откри големи пропусти
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
