САД: Тројца обвинети за терористичките напади на 11 септември 2001. признаа вина и избегнаа смртна казна
Тројца мажи обвинети дека помогнале во планирањето на терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД, вклучувајќи го и наводниот организатор Халид Шеик Мохамед, склучија спогодби за признавање вина што ќе им овозможи да ја избегнат смртната казна, пренесе „Њујорк Пост“ повикувајќи се на неименувани извори.
„Управата за свикување на воени комисии склучи предсудски спогодби со Халид Шеик Мохамед, Валид Мухамед Салих Мубарак Бин ‘Аташ и Мустафа Ахмед Адам ал Хавсави, тројца кообвинети во случајот 11 септември кој се одржува во заливот Гвантанамо“, потврди портпаролот на Канцеларијата за воени комисии (ОМЦ).
Обвинетите за тероризам ќе бидат поштедени од смртна казна како дел од спогодбата за признавање вина. ОМЦ наведе дека конкретните услови и одредби на предсудските спогодби не се веднаш достапни.
Договорите треба да бидат официјално објавени денеска, а изрекувањето на пресудите ќе се одржи во заливот Гвантанамо.
Тројцата обвинети се товарат за обезбедување обука, финансиска поддршка и друга помош на терористите кои киднапираа патнички авиони и ги соборија на Светскиот трговски центар, Пентагон и поле во Шенксвил во Пенсилванија, на 11-ти септември 2001 година.
Во нападите загинаа вкупно 2,998 луѓе, од кои 2,603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати.
Овде не се вклучени загинатите 19 терористи.
Ново на Сител
-
Тројца Израелци убиени во вооружен напад на граничен премин меѓу Израел и Јордан
-
ИДФ: Повеќе од 50 ракети истрелани од Либан врз северниот дел на Израел
-
АХВ казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје
-
Димитриевски: Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава
-
Во пресрет на дебатата, Трамп се заканува со затвор за вмешаните во „изборната кражба“
-
Шеф на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските нуклеарни закани
-
Приведени криминалци во Скопје барани со потерници за извршени тешки кражби
-
Мицкоски: Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни