САД со поддршка до лидерите на Македонија и Грција да најдат заедничко решение
САД и натаму ги поддржуваат актуелните преговори под водство на Обединетите нации за проблемот околу името на Македонија, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, нагласувајќи ја поддршката за решение на овој долгогодишен спор.
- Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе најдат заедничко прифатливо решение за проблемот со името, што ќе биде во интерес на евроатлантската интеграција, економскиот просперитет, мирот и стабилноста во регионот, соопшти Стејт департментот.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека решението за деценискиот спор за името никогаш не било поблиску, но не изнесе повеќе детали за евентуалниот договор, кој според најавите треба да се финализира во телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас.
Претседателот Ѓорге Иванов, пак, по вчерашната средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров на која беше инфомиран за текот на процесот за решавање на спорот со Грција, соопшти дека за него е неприфатливо име за севкупна употреба и промена на Уставот.
Министерот Димитров изјави дека за прашањето за името потребни се лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори.
- Доколку најдеме начин да го затвориме проблемот со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно ќе бидеме на правата страна на историјата, рече Димитров.
Ново на Сител
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен