САД: Штрајк на околу 50 илјади вработени во Џенерал Моторс
Повеќе од 49.000 вработени во „Џенерал Моторс“, американски автомобилски концерн, денеска започнаа штрајк откако преговорите меѓу компанијата и работничкиот синдикат за нов договор и подобри работни услови пропаднаа, пренесува Анадолија.
Работниците затворија 33 производствени погони во девет држави низ САД, како и 22 магацини со делови. Не е познато колку долго ќе трае штрајкот. Ова е прв штрајк од вакви размери по оној во 2007 година, когакомпанијата изгуби триста милиони долари за два дена од штрајкот.
Од Синдикатот велат дека штрајк во моментов е единственото решение бидејќи двете страни се далеку од постигнување спогодба за нов четиригодишен договор.
Џенерал Моторс соопшти дека тие понудиле седум милијарди американски долари за зголемување на платите, што исто така ќе резултира со создавање на 5.400 нови позиции што ќе ги заземат тековните вработени.
Претходниот четиригодишен договор на синдикатот со компанијата истече во саботата навечер, а преговорите се предвидени да продолжат денеска во десет часот по локално време.
Во меѓувреме, американската автомобилска индустрија бележи пад на продажбата и зголемување на трошоците како резултат на инвестициите во електрични возила.
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски