САД: Поради Северна Кореја не можеме да се откажеме од антиракетниот штит
НАТО не може да ги прифати руските барања за ограничување на неговиот систем за противракетна одбрана, поради заканата што доаѓа од Севрена Кореја, изјави во Брисел американскиот заменик помошник државен секретар Френк Роуз.
- Нема да се согласиме со ограничување на нашите (антиракетни) системи, бидејќи ни е неопходна способност за справување со динамичната и се поголема закана, изјави Роуз, кој е задолжен за контрола на оружјето.
Минатата недела Северна Кореја соопшти дека извршила успешна проба на нејзината прва хидрогенска бомба, со што според Вашингтон се зголемиле нејзините капацитети за напади на цели во Јапонија и САД.
- Северна Кореја има голем број балистички ракети и често ги тестира, изјави Роуз, додавајќи дека севернокорејските ракети можат да гаѓаат цели во Јужна Кореја, во поголемиот дел од Јапонија и потенцијално и на делови од територијата на САД.
Поради ова, според Роуз, Вашингтон останува на својата решителност да го засили системот за противракетна обрана и покрај противењето на Русија.
Во 2012 година НАТО реши да создаде систем за протвракетна одбрана на Европа, распоредувајќи елементи од него на теритотиите на Романија, Турција и Полска, што предизвика бурни реакции од страна на Русија, која смета дека ваквиот штит е насочен против неа.
- Овој штит има за цел да го заштити европскиот дел на НАТО од закани што доаѓаат надвор од евроатлантската зона и не се насочени против Русија, додаде Роуз.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер
-
Владата го поздравува изборот на нова влада во Софија, но со резерва за можен напредок во разговорите
-
Интерпелацијата даде резултат – Илире Даути си поднесе оставка
-
Деветгодишно дете почина на клиниката за детски болести – Било донесено од штипската болница во многу тешка состојба
-
ИЈЗ: За една недела трипати повеќе болни од грип
-
Речиси илјада вработени во сите инспекторати немаат плата