Кошарка
8. August 2021 - 8:49

САД подобри од Јапонија во финалето на женскиот кошаркарски турнир

– Женската кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио.   Американките утринава во финалето ја совладаа селекцијата на Јапонија со 90:75. Победникот се наѕираше уште по првата четвртина која САД ја добија со 23:14.

На полувреме предноста беше двоцифрена (50:39), доволна за конечен триумф. Гринер со 30 и Вилсон со 19 беа најефикасни во победничкиот состав, Такада се истакна кај Јапонките со 17 поени. За потсетување, Американците го освоија златото и во машка конкуренција.