Свет
18. August 2015 - 8:52

САД одобри експлоатација на нафта кај Алјаска

Американската федерална влада и даде дозвола на нафтената компанија „Ројал дач шел“ да може да експлоатира нафта во Арктичкиот океан, северозападно од брегот на Алјаска, првпат по повеќе од две децении.

На компанијата „Шел“ и е дозволено да експлоатира нафта околу 2.400 метри под дното на океанот, и тоа првпат по 1991 година.

Групите за заштита на животната средина се противат на експлоатацијата на нафта на Арктикот, наведувајќи дека индустриската активност ќе ги загрози поларните мечки, моржовите, фоките и ќе претставува закана за китовите, кои и онака се загрозени од климатските промени и намалувањето на ледените површини во морето за време на летото.

Тие групи велат дека нафтените компании не покажале оти можат да ги отстранат нафтените дамки.

Американското биро за безбедност и заштита на животната средина соопшти дека издало дозвола за вадење нафта по океанското дно, откако „Шел“ ја обезбеди потребната опрема за заштита.