САД: Очекуваме ЕУ да донесе одлука за преговори со Северна Македонија годинава
САД силно веруваат дека Северна Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите што е можно поскоро, изјави денеска в.д. амбасадорката на САД во земјава Микаела Швајцер-Блум.
-Владата на Соединетите држави силно верува дека Северна Македонија заслужува датум за отворање на преговорите во најскоро можно време. Ние ја зедовме предвид изјавата од состанокот синоќа и сме охрабрени дека ЕУ ќе донесе одлука Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори оваа година, рече Швајцер-Блум во изјава за МРТВ во врска со пристапните преговори за земјата, објавена на фб-статусот на Американската амбасада.
Министрите за надворешни работи на ЕУ, вчера во Луксембург донесоа одлука според која земјите членки на Унијата ќе се навратат на прашањето за отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија најдоцна во октомври, 2019 година.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип