САД очекуваат нови провокации во Ирак од проирански групи

САД очекуваат нови напади во Ирак на паравоени сојузници на Иран, кои веројатно ќе „зажалат“, изјави шефот на Пентагон, Марк Еспер, по нападот врз американската Амбасада во Багдад и смртта на Американец во Киркук.
-Провокациите траат со месеци… Мислам дека ќе направат нешто. Да, и тие веројатно ќе зажалат за тоа, изјави американскиот министер за одбрана.
– Ние сме подготвени да се одбраниме и подготвени сме да спречиме нови нездрави однесувања на овие групи, водени и финансирани од Иран, додаде тој.
Ако САД имаат информации за подготовките за нови напади, „ние ќе преземеме превентивни мерки за заштита на американските сили и американските животи“, заклучи тој.
Началникот на Генералштабот на американската армија генерал Марк Мили истакна дека американската Амбасада во Багдад е добро заштитена. Проирански демонстранти во вторникот ја нападнаа американската Амбасада во Багдад протестирајќи против американски напади врз позиции на Бригадите Хезболах, фракција кои Вашингтон ги обвинува за ракетниот напад во петокот.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
