САД обвинија руски дипломати за огнот во напуштениот конзулант во Сан Франциско
Американските власти обвинија руски дипломати за повреда на државните закони, во врска со огнот запален и оставен да гори во затворениот конзулат во Сан Франциско, кој бил празен.
Инцидентот се случил на 1 септември и за него, според локалните прописи, од дипломатите може да се побара да платат казна, јави Би-Би-Си.
Кога бил забележан густ, црн чад, како излегува од големиот оџак на зградата на конзулатот, интервенирале противпожарникарските екипи од градот.
Засега не се знае каков материјал бил запален и оставен да гори и тлее. Пожарникарите во својот извештај запишале дека не можеле да утврдат изворот на огнот, ниту какви предмети и работи биле запалени и изгорени.
Русите, пак, за целиот случај со огнот објасниле дека бил дел од „настојувањето да се конзервира објектот“.
Властите на САД сега тврдат дека случајот може да се оквалификува како „палење ѓубре“ а тоа е забрането, според прописите на градот Сан Франциско.
За вакви случаи, виновниците обично плаќаат парична казна, или во определени случаи треба и да ја надоместат штетата, но во потешки инциденти палењето може да се квалификува и како кривично дело.
Инцидентот со оставениот оган во рускиот конзулат се случи откако Стејт департментот им наложи на руските дипломати од конзулатот во Сан Франциско и во конзуларните канцеларии во Вашингтон и Њујорк, да го напуштат САД до крајот на август.
Оваа мерка Вашингтон ја објасни со одлуката на руските власти да наредат бројот на персоналот во американските дипломатски мисии во Русија, да се намали за 755 лица.
САД и Русија максимално ги заострија своите односи, откако руската страна беше обвинета за мешање во американските претседателски избори.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување