-->
-->
САД: Неуспешен ракетен напад врз американски војници во Сирија
-->
Американската војска синоќа соопшти дека неидентификувани сили истрелале проектил врз база во Сирија во која се сместени американски војници и локални сили, но нема повредени и нападот не предизвикал штета.
„На местото се пронајдени дополнителни проектили“, соопшти Централната команда на американската армија, која ги предводи американските сили на Блискиот Исток, притоа не наведувајќи за кој смета дека е одговорен за неуспешниот напад.
Американските сили беа распоредени во Сирија за време на кампањата на администрацијата на Обама против Исламската држава и тие се партнери со групата предводена од Курдите наречена Сириски демократски сили. Во Сирија има околу 900 американски војници, повеќето од нив во источниот дел на земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
,,Библиотека на тркала'' во Струмица - полесно до книга
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции