Свет
30. March 2017 - 9:14

САД ќе продадат на Бахреин „ловци“ и друго оружје во вредност од 4,9 милијарда долари

Белата куќа го извести Конгресот за плановите за продажба на ловци „Ф-16“ и воена опрема во вредност од околу 4,9 милијарди долари. 

Освен ловци, Бахреин ќе купи од САД и 23 мотори, радари, оружје од класата „воздух-воздух“ и „воздух-земја“, заедно со останатата опрема. 

Пратката со „ловци“ била подготвена уште од претходната администрација на САД, но тогаш Конгресот ги отфрлил овие планови поради тоа што Бехреин не ги исполнила своите ветување за подобрување на ситуацијата со човековите права во земјата.