Балкан
6. November 2015 - 8:33

САД ќе побараат построги мерки за безбедност на аеродроми во странство

Американското Министерство за внатрешна безбедност се очекува да повика за построги мерки за безбедност, можеби уште денеска, на аеродроми во странство од кои има директни летови за САД. Тоа го соопштија вчера владини извори за Еј-Би-Си Њуз.

Освен тие барања меѓу разгледуваните мерки за безбедност е и подобрување на проверките за багажот на големите аеродроми во САД.

Претседателот Барак Обама вчера изјави дека според него е „можно“ бомба да го урнала рускиот патнички авион кој се урна во саботата во Египет при што загинаа 200 луѓе.