Македонија
31. October 2019 - 16:55

САД ќе ја преземат иницијативата и за ЕУ - Тимоние бара и регуларни избори за датум на пролет

Силна поддршка, но и  порака до европските партнери дека иднината на Македонија е во ЕУ, упати специјалниот претставник на Стејт Департментот за Западен Балкан Метју Палмер.

Тој веќе два дена е во посета на Скопје на состаноци со преставници на власта и лидерите на политчките партии,  а денеска се сретна и со премиерот Заев.

-Имавме добар разговор за последните случувања овде во Северна Македонија, во Брисел и во регионот. Ја реафирмиравме поддршката на САД за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и европската перспектива. Тоа е нешто што го кажавме јасно овде во Скопје, а ќе продолжиме да го кажуваме јасно и на нашите европски партнери, исто така.

САД очекуваат Македонија многу брзо да стане полноправна членка на НАТО. За американскиот дипломат нема дилема дека  Преспанскиот договор останува темел на регионалната стабилност.

-Продолжуваме да го поддржуваме Преспанскиот договор кој е важен за стабилноста на регионот и ќе продолжиме да го поддржуваме неговото спроведување чекор по чекор.

За разлика од безрезервна американска поддршка, Франција очекува нови докази дека македонија поседува  демократски капацитет за да продолжи на патот кон  ЕУ. Во меѓувреме , вели Тимоние, унијата треба да помине внатрешна трансформација за да ги отвори вратите за нови членки.

Во меѓувреме Палмер најави дека за кратко време повторно ке се врати во Македонија за да ги продолжи разговорите со партнерите од Скопје. Тој деенска на  Кале ке оствари и заедничка средба со  американските амбасадори од  земјите на Западен Балкан, а тема ке бидат регионалните прашања.