САД ја предупредуваат Украина да престане со нападите врз руската енергетска инфраструктура
САД ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура, предупредувајќи го Киев дека нападите со беспилотни летала ризикуваат да ги зголемат глобалните цени на нафтата и да предизвикаат одмазда, објави британскиот „Фајненшл тајмс“, цитирајќи три извори „запознаени со дискусиите“, пренесе БТА.
Повторените предупредувања од Вашингтон беа упатени до високи функционери во украинската безбедносна служба СБУ и Дирекцијата за воено разузнавање, позната како ГУР, велат изворите.
Русија останува еден од најважните светски извозници на енергија и покрај санкциите на Западот против нејзиниот сектор за нафта и гас.
Цените на нафтата се зголемија за околу 15 отсто оваа година на 85 долари за барел, што ги зголеми трошоците за гориво додека американскиот претседател Џо Бајден ја започнува својата кампања за реизбор.
Вашингтон, исто така, стравува дека ако Украина продолжи да ги напаѓа руските објекти, вклучително и многу лоцирани на стотици километри од границата, Русија би можела да возврати со напад на енергетската инфраструктура на која се потпира Западот.
-Ние не поттикнуваме и не овозможуваме напади на територијата на Русија, нагласи портпаролот на Советот за национална безбедност на САД.
-Ништо не го плаши актуелниот американски претседател како скокот на цените на горивото во изборна година, рече Боб Мекнали, претседател на консултантската компанија „Рапидан Енерџи“ и поранешен советник за енергија во Белата куќа.
Според еден од украинските функционери вклучени во планирањето и извршувањето на нападите, целта на „специјалните операции“ била да се прекине снабдувањето со гориво за руските војници и да се намали финансирањето за воените напори на Кремљ.
Киев, исто така, сака да нанесе симболичен удар со приближување на војната до Москва и покажување дека нејзината воздушна одбрана – вклучително и оние околу Кремљ – може да биде пробиена.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра